5 едноставни чекори за вистински чисти алишта

1. СОРТИРАЈТЕ ГИ АЛИШТАТА ПО БОЈА И МАТЕРЈАЛ.

Едноставно: погледнете ги симболите на етикетите!

2. ОДСТРАНЕТЕ ГИ ДАМКИТЕ ПРЕД ПЕРЕЊЕТО.

Уште подобро: Одстранете ги веднаш штом ќе настанат!

3. ПОЛНЕТЕ ЈА МАШИНАТА ОПТИМАЛНО.

Комбинирајте големи и мали парчиња.

4. КОРИСТЕТЕ СООДВЕТЕН ДЕТЕРГЕНТ.

Детергент во прав за бели, нежен гел за осетливи алишта.

5. ОДБЕРЕТЕ ЈА ПРОГРАМАТА.

Памук 60°C, Микс 40°C, Осетливи 30°C. Функционира!

СОРТИРАЈ! НО КАКО?

Пери ги парчињата облека со слична боја и сличен материјал заедно. Белите одат заедно,шарените заедно, црните заедно. Памучните материјали заедно, синтетичките материјали заедно, волната оди одвоено, деликатните материјали одвоено. Не си сигурен? Прегледај ги етикетите за грижа на секое парче.

Пред-програми
Сортирање на облека

НЕМА ФЛЕКИ? ДУРИ И ПРЕД ПЕРЕЊЕТО!

Отстрани ги флеките пред перењето, справи се со нив штом ке се појават. Понекогаш е доволно само да се избрише или истрла флеката, и да се измие со ладна вода. Ако ова не успее, пробај некој од старите совети: за гума за џвакање употреби коцка мраз; за флека од масло, употреби бебешка пудра; за р`ѓа употреби сол и лимон, и т.н. За поцврсти флеки користи соодветен отстранувач на флеки-но, прво пробај го на некој неизложен дел од парчето облека за да ја провериш отпорноста на бојата!

Како да се отстранат дамки

ПОЛНЕЊЕ: ОПТИМАЛНО!

Кога ке ја полниш машината за перење, комбинирај ги помалите со поголемите парчиња. За деликатни парчиња, користи мрежеста вреќичка за алишта, за да ги заштитиш алиштата. Затвори ги патентите, закопчај ги копчињата и испразни ги џебовите. Различни материјали впиваат различно количество на вода. Затоа, можеш да наполниш повеке памучни материјали отколку мешани материјали. Но, не се грижи: машината самата автоматски ке ја подеси количината на вода.

КОРИСТИ ПРАШОК ЗА ПЕРЕЊЕ. КОЈ?

  • Користи прашок со гранули за избелување за белите алишта.
  • За шарени алишта, користи прашкаст или течен детергент со ензими. Ова ке помогне во отстранување на нечистотијата без да се оштетат боите.
  • За волнени алишта, користи течен детергент со ланолин.
  • За свилени парчиња, завеси или други деликатни работи, користи ПХ неутрален детергент.
  • Кога переш облека направена од специјални материјали, како гор-текс, никогаш немој да употребуваш омекнувач за алишта-со тоа ке спречиш проширување на материјалот! За такви парчиња, секогаш употребувај специјално дизајнирани гелови за перење.

Како белата облека да ја одржуваш перфектно бела?

Пред да переш бели алишта во машината, зовриј ги парчињата во вода во која си додал неколку парчиња лимон. Потоа, испери ги алиштата во машината на највисоката можна температура, користејки прешкаст детергент со гранули за избелување.

Како да ја одржиш бојата на облеката свежа и жива?

Пред да ја переш новата облека за прв пат, натопи ја во ладна посолена вода (за кофа вода една рака полна сол). Потоа, исцеди ја облеката и испери ја во машината користејки гел прашок со ензими кои ја штитат бојата на облеката.

ОДБЕРИ ГО ПРОГРАМОТ. ЕДНОСТАВНО ВИСТИНСКИОТ!

Без грижа: 3те најчесто користени програми можат да го исперат најголемиот дел од твоите алишта!

  • ПАМУК 60: користи ја оваа програма за не деликатни, вообичаено валкани алишта. Ритамот на работа и циклусот на вртежи ке биде поинтензивен.
  • Мешани 40: користи ја оваа програма за шарени алишта од различни материјали, како и за алишта со интензивни-јаки бои (пр. Црна или црвена боја). Циклусот на вртежи ке биде поспор, а ритамот на работа понежен.
  • Деликатни 30: користи ја оваа програма за деликатни алишта кои може да оштетат со нормално триење. Програмата користи повеке вода и многу нежен ритам на работа-воопшто не се слуша кога работи.

Програми за перење